Top
Ljubovna-dvojka-vo-krevet-iLike-mk

Кој хороскопски знак нуди најголемо задоволство во креветот?

Веќе знаете дека астрологијата игра важна улога во дефинирање на карактерот на луѓето и во сите сфери од неговиот живот, па така и во љубовта и сексот.

ОВЕН
Тие имаат моќ, магнетна привлечност, сакаат да имаат контрола врз нештата и добри се во бакнувањето. Понекогаш се нетрпеливи и себични во водењето љубов, што може да доведе до потешкотии во љубовниот однос. Кај нив моментите на страст се брзо минливи, но ако одлучат да ги споделат со вас, ќе доживеете едно особено интензвно љубовно искуство. Ако сакате да заведете Овен, не треба да бидете срамежливи, а треба да бидете спонтани. Тие уживаат во непредвидливоста и сакаат да добиваат комплименти.

БИК
Веројатно тој е најдобар љубовник и најмажествен знак во зодијакот. Кога станува збор за задоволување на сексуалниот апетит, тој е ненаситен, има силен љубовен нагон инпотреба за физички допир. Сака подароци, а како резултат на неговата сензуалност забележува мирис, чиста и мека кожа, и свеж здив кај соговорникот.

БЛИЗНАЦИ
Aко сакате вашиот партнер да биде интелгентен, тогаш изберете Близнак. Родените во овој знак се паметни и досетливи, создаден за флерт и лесно ќе ве освојат. Како љубовници се многу креативни, поради што со нив никогаш не може да ви биде здодевно. Внимавајте да не ги бара истите карактеристики од партнерот. Можете да ги освоите со комплименти и восхит на нивната интелигенција.

РАК
Ракот е еден од најемотивните знаци, па потребен му е нежен допир и длабока емотивна поврзаност со партнерот. Тој ја цени грижливоста кај луѓето и забележува кога тие прават добри дела за другит луѓе. Вообичаено тие се посветени љубовници, но доколку ја изневерите нивната доверба, подготвени се на жестока одмазда. Него можете да го заведете со романтична атмосфера.

ЛАВ
Лавовите секогаш ја преземаат иницијативата во спалната соба бидејќи тие секогаш поседуваат сексуална моќ. Од него можете да очекувате подароци внимание, а можете да го заведете доколку му го возвратите истото.

ДЕВИЦА
Ниту еден друг знак нема да ви посвети толку внимание колку Девицата. На прв поглед изгледа мирно и сталожено, но во себе крие огромна сензуалност. Се опседнува со една личност која ќе ја сака целот свој живот. Девицата е прилично пребирлива и трага по совршенство.

ТЕРЕЗИЈА
Терезијата обожава да пружи задоволство. Таа е одличен и посветен љубовник кој сака сентименталност и романтика, а сака да ѝ бидат исполнет нејзините фантази. Тие се како родени за флерт и експериментирање во креветот. За да ја заведете треба да покажете дека имате широка душа, едноставност и шарм.

СКОРПИЈА
На Скорпијата воопшто не ѝ е тешко да биде манипулатор и да ги искористи другите за да ги задоволи своите сексуални фантазии. Одлични се во креветот, но имаат проблем со вклучување на емоциите во сексуалната приказна. Многу е тешко да ја заведете, бидејќи по природа таа е онаа која заведува.

СТРЕЛЕЦ
Порад неговот детинест и разигран дух, секогаш е подготвен за експерименти во креветот. Покажува страст само кон една личност и токму затоа брзо има потреба за нова авантура. Сакаат допир по половината и колковите. Се карактеризираат со весел дух и смисла за хумор и истото го забележуваат кај другите.

ЈАРЕЦ
Јарецот на партнерите им пристапува со резерва. Тој треба силно да се заљуби да дојде до вистинската физичка интимност. Стабилни се и верни во секоја врска. Ако сакате да го заведете, пријдете му бавно и внимателно. Не треба сѐ да му откриете веднаш.

ВОДОЛИЈА
Водолијата се заљубува во тело, односно сака физичка љубов и непредвидлви врски. По природа се бунтовници, а сакаат оригиналност кај партнерот. Ќе ја заведете глумејќи дека сте неосвоиви.

РИБИ
Тие сакаат да гледаат среќни лица околу себе и затоа му пружаат големо физичко задоволство на својот партнер. Кога ќе ја најдат љубовта на својот живот, не постои проблем кој нема да се обидат да го решат со секс за смирување. По природа се мреливи и не сакаат да учествуваат во заводнички игри.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>