Top
prijateli_vo_zodijak

Кој хороскопски знак најмногу Ви одговара за дружење?

Според Зодијакот, односно карактеристиките на хороскопските знаци, со некои луѓе повеќе „ни оди муабетот“, а со други помалку. Секоја од знаците, има по еден знак кој е најдобар за него кога станува збор за дружење.

Овен
Овните се креативни и оригинални, на спонтан начин ги изразуваат своите емоции. Познати се како поттикнувачи на амбиција, што често знае да се претвори во нетрпеливост. Својот најдобар пријател Овенот ќе го пронајде во Вагата, која ќе му помогне да остане рационален.

Бик
Припадниците на овој знак се озлогласени поради својата тврдоглавост. Поради нивните јасно дефинирани ставови и желбата да не отстапуваат од своите принципи честопати се во конфликти со другите луѓе. Најдобриот пријател за Бикот е Рибата, еден од најмирните и најдипломатските знаци на Зодијакот.

Близнаци
Во овој знак се родени креативни луѓе кои реагираат брзо и без размислување. Најдобрите пријатели за нив се Водолиите, бидејќи и двата знака се спонтани и уживаат во малите нешта.

Рак
Раковите најмногу уживаат со семејните пријатели. Немаат желба за внимание и големи настани, тие уживаат во малите нешта. Како најдобар пријател во Зодијакот им се наметнува Стрелецот, бидејќи Раковите се интровертни, а Стрелецот им претставува спротивност.

Лав
Лавовите се еден од најдоминантните знаци во Зодијакот. Тие имаат вродена желба да бидат лидери во општеството и најчесто имаат многу пријатели. Како најдобар пријател во Зодијакот им се наметнува несебичниот Јарец, кој може да им помогне да ја избалансираат својата дива природа.

Девица
Девиците се шармантни, харизматични луѓе со способност да ги импресионираат другите во комуникацијата. За најдобар пријател им се наметнува некој многу погласен од нив, Овенот. Тој може да ги поттикне да бидат попродуктивни.

Вага
Вагите сакаат рамнотежа, додека ја ценат интелигенцијата, убавината и шармот. Како најдобар пријател им се наметнува Лавот кој им е сличен и со кој се надополнуваат.

Скорпија
Еден од најмистериозните знаци на Зодијакот. Најдобрите пријатели ќе ги пронајдат во Водолиите, кои се подеднакво храбри и кои ќе ги поттикнат да бидат порелаксирани.

Стрелец
Ентузијасти кои не сакаат да трошат време на она што го сметаат за глупаво. Бидејќи се силни и креативни најмногу за дружење им одговара Јарецот, бидејќи ни Јарците не сакаат да трошат време на работи кои не им се интересни.

Јарец
Јарците се паметни, систематични, организирани и практични. Не сакаат да бидат критикувани и обично имаат одбранбен механизам во односите, нивните пријатели се несебични и лојални. Како најдобар пријател им се наметнува Стрелецот.

Водолија
Водолиите се резервирани во своите чувства. Тие копнеат кон константата во својот живот, а во тоа може да им помогне нивниот најдобар пријател во Зодијакот, Бикот. Тој ги потсетува да бидат одговорни и ги охрабрува да бидат поупорни.

Риби
Мирни и безгрижни, доблести кои можат да станат недостатоци. Нивните најдобри пријатели им се Скорпиите. Тие лесно наоѓаат заеднички јазик и хоби и секогаш ќе си помагаат меѓусебно во неволја.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>