Top
cokolado

Кои се зависностите на хороскопските знаци?

Секој човек е „зависен“ од нешта, како на пример: алкохол, цигари, секс, работа… Астролозите откриваат од што е зависен секој хороскопски знак.

ОВЕН
Припадниците родени во овој знак консумираат алкохол и таблети за кои сметаат дека го ублажуваат стресот.

БИК
Уживаат во сензуални задоволства, а сексуалните фрустрации прават да се препуштат на храна и да бидат деструктивни. Многу од припадниците на овој знак имаат проблеми со телесната тежина, а дел од нив се опседнати со гледањето телевизија.

БЛИЗНАЦИ
Тие се креативни и најчесто се зависни од работа.

РАК
Ако сакаат да направат промена во своето расположение, консумираат алкохол, а кога сакаат да ја потиснат лутината, тоа го прават со храна.

ЛАВ
Лавовите уживаат во пороци како алкохол и циари. Вообичаено се зависни и од неверство. Знаат да претеруваат или прават сѐ за да добијат внимание.

ДЕВИЦА
Ги вознемируваат нештата кои не се одвиваат како што замислиле тие. Поради тоа, можна е консумација на алкохол или таблети за смирување.

ВАГА
По природа се големи идеалисти и исто како и Девиците, кога работите не се одвиваат онака како што замислиле, склони се на консумирање алкохол. Освен тоа, зависни се и од флерт.

СКОРПИЈА
Најчести зависници од порнографија се токму Скорпиите. Уживаат во сите пороци кои подразбираат вклучување на сексуални активности. Уште еден голем порок се цигарите.

СТРЕЛЕЦ
По природа се немирни, па неверството е чест проблем за нив. Ова е еден од хороскопските знаци кои мислат дека се бесмртни, па се зависни од пороци како алкохол и пушење, бидејќи имаат чувство дека ништо не може да им наштети.

ЈАРЕЦ
Во споредба со останатите знаци во зодијакот, Јарците се повеќе свесни кога е во прашање нивното здравје и тело. Најчест и може да се каже единствен порок кај овој знак е пушењето.

ВОДОЛИЈА
Водолиите се опседнати со љубов кон домашните миленици и вегетаријанство. Тие се најотпорни на пороци од сите знаци.

РИБИ
Рибите не успеваат да одолеат на пиење, а најчесто причината за зависност ја наоѓаат во љубовните проблеми од прекината врска. Тие се исклучително емотивен знак кој многу од работите ги доживуваат болно. Кога сакаат да побегнат од реалноста консумираат таблети за смирување.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>