Top

Кингдао Хаиван, најдолгиот мост во светот

Кина постави нов рекорд во историјата на светските рекорди. Мостот Кингдао Хаиван е изграден над вода, долг е 42,6 километри, а ги поврзува градот Кингдао и областа Хуангдао. Претходниот рекорд за најдолг мост над вода го има мостот Лузијана (на езерото Понтчартраин). Изградбата на Кингдао Хаиван, има голема архитектонска важност бидејќи го намалува растојанието помеѓу Кингдао и Хуангдао за 30 километри. За изградбата на мостот се направени расходи 8,6 милјарди долари. Благодарение на континуираните напори на десет илјади работници, мостот е завршен за 4 години. Се работело и дење и ноќе, од двете страни. Мостот почива на 5200 столбови, изработен е од 450 000 тони челик и има 6 возни ленти. Според проценките, на него дневно поминуваат 30 000 автомобили во двата правци. Кингдао Хаиван е толку стабилен и силно изграден што може да издржи и земјотрес од 8 степени според Рихтеровата скала. Моментално се работи на нова структура над реката Јиаозоу која би требало да го собори постоечкиот рекорд, а ќе ги поврзува јужната провинција Гуангдонг со Хонг Конг и Макао.



Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *