Top
karanica

Караниците го скратуваат животот

Честите караници со партнерот, пријателите или членовите на семејството го зголемуваат ризикот за смрт во фазата на зрелост.

Стручњаците укажуваат дека со таквиот ефект најчесто се соочуваат мажите и невработените лица. Научници од Универзитетот во Копенхаген посочуваат дека при толкување на нивните сознанија треба да се земат предвид особините на поединците и нивната способност за соочување со стресот.

Спрема податоците собрани од 9875 жени и мажи на возраст од 36-52 години, константните караници биле поврзани со 2-3 пати поголем ризик за смрт.

Поранешните истражувања веќе ја поврзуваат анксиозноста со зголемениот ризик за болести на срцето и мозочен удар. Исто така, истражувања на американски научници од Универитетот Питсбург покажуваат дека караниците кај жените се поврзани со долготрајно зголемување на крвниот притисок. Врската висок притисок и караници не е забележана кај мажите.

Податоци од околу 1500 испитаници на возраст од 51-91 година покажуваат дека караниците во највисока мера го кревале крвниот притисок на жените кои се наоѓаат во средно доба.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>