НАМАЛЕТЕ ГО ВНЕСУВАЊЕТО НА СОЛ
Колчичината на сол која ја внесувате преку вашата исхрана е прашање на навика. Затоа немојте да додавате сол во секоја храна. Не прекинувајте одеднаш, туку постепено намалувајте ја количината сол која ја додавате. Постепените промени се прифаќаат многу полесно. Наместо сол можете да додадете целер, босилек, оригано, рузмарин, бибер, нане, пиперка, лук, ловоров лист, ѓумбир, сок од лимон.
ВРАМНОТЕЖЕНА ИСХРАНА
Вашата исхрана треба да биде едноставна и природна. Исхраната треба да се базира на разновидно овошје и зеленчук, интегрални житарки, млеко со помала масленост, риба. Избегнувајте сувомеснати производи, мајонез, маргарин, чипсови, газирани пијалоци и сокови полни со конзерванси.
РЕДОВНИ ОБРОЦИ
Многу е важно оброците да ви бидат редовни: појадок, ручек и вечера, а за ужина овошје. Тоа значи повеќе, но помали оброци. Појадокот е особено важен бидејќи со него го започнуваме денот. Tој има големо влијание врз создавањето енергија, бистри мисли и ведриот дух. Ручекот е главното јадење со кое задолжително треба да јадете и салата. После овој оброк наместо да легнете, прошетајте малку. Вечерата треба да биде лесна и да биде најмалку два часа пред спиење.
На претходно споменатите правила ќе ги додадеме и следниве: алкохол консумирајте умерено, бидете повеќе физички активни и одржувајте некоја нормална телесна тежина. Последно, но не и помалку важно е да се откажете од цигарите.
На самиот почеток нема да биде идеално, но важно е да бидете одлучни, да имате волја и да го започнете процесот на создавање на здрави навики во својот живот.
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!