Top
zhena-oven

Храбрите мажи љубат жена родена во знакот Овен

Мажите кои се заљубени во дама родена во знакот Овен се навистина среќни и храбри. Љубовта за неа е нешто од витално значење, а истовремено треба да ѝ оставите време да се посвети на своите обврски.

Жената Овен лесно живее и без мажи, но дефинитивно не може да живее долг период без љубов. Таа умее сите работи да ги заврши навремено, но сепак потајно сонува за херојот од своите соништа. Поради нејзината нетрпеливост, но и силата која ја покажува пред мажите, жената Овен речиси секогаш прва ги презема работите во своите раце и прва го покажува партнерот на состанок. Вниманието лесно ѝ го привлекуваат мажи кои се силни, полни со лудости и желни за авантури.

Само луѓето кои живеат во нејзина близина знаат колку нежности носи во себе и колку добра и попустлива може да биде. Секогаш има време за оние кои ѝ се драги, а не сака мажи кои кои секогаш сакаат да доменираат. Жената Овен најчесто е ведра и полна со желба за живот, но во ноќите знае да се затвори во себе и да ужива во самотијата.

Со оваа жена секогаш ќе ја имате посакуваната слобода, а неа можете целосно да ѝ верувате. Таа ретко може да сака двајца мажи истовремено и верноста и е доминантна карактеристика. Нејзиниот оптимизам и вербата во утрешниот ден ѝ се најголемата потпора во животот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>