Иако постојат луѓе на кои родените во овој знак им се најдобри пријатели, повеќето луѓе не ги сакаат, не можат да ги поднесат и им одат на нерви. Освен фактот дека се напорни, Девиците исто така се најголемите злопамтила.
Луѓето родени под овој знак мислат дека се најдобри во сè што прават, па секогаш ќе најдат ситуација за да кажат дека тие направиле нешто подобро од сите останати. Тие никогаш нема целосно да простат нешто што ги повредило, и тие често знаат да бараат мана и во ситуации кои се совршени.
За себе мислат дека не треба да се менуваат, но ќе кажат за другите што не е добро кај нив, и тоа без трошка срам. Една од работите што најмногу ќе ве одбие од Девицата е нивниот возвишен егоизам и самобендисаност.
Родените во овој знак се сметаат за најдобри љубовници, а на сите останати постојано им замеруваат за најмали ситници. Себични се, и живеат само за себе луѓето кои се родени во знакот на Девица.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!