Top
Tatko

Хороскопски знаци во кои се родени најдобрите татковци

Родителството воопшто не е лесно, но ако имате партнер роден во некој од овие хороскопски знаци, тогаш имате навистина голема среќа. Тие се посветени родители, приврзани за своето семејство, а особено ги сакаат своите деца.

Рак
Ракот важи за исклучително чувствителен знак и за него семејството секогаш е на прво место. Упте од почетокот на бременоста тој ќе биде постојано со вас, ќе ве гали и чува, ќе ви дава совети и ќе ве држи за рака. Кога ќе пристигне бебето на свет, тогаш започнува најубавиот период од неговиот живот. Тој секогаш ќе биде со вас и вашите деца, и баш секогаш можете да се потпрете на него.

Вага
Мажите родени во овој знак се добри татковци на кои никогаш не им е здодевно да ги забавуваат своите деца. Секогаш се подготвени за забава, сакаат на поинаков начин да ги запознаат децата со светот. Нивната втора страна е барањето правда, тие сакаат да ги воспитуваат своите деца да бидат емоционално интелигентни и внимателни.

Лав
Децата на Лавот се негова гордост. Тој едноставно ќе направи се што е во негова моќ да ги заштити. Не можејќи да одбијат нивна желба, често се случува да ги размазат. Лавот многу очекува од себе, бидејќи сака да биде совршен татко, па уште при раѓањето на детето ја знае целата литература за воспитување деца.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>