Top
sami_osameni

Хороскопски знаци кои не сакаат да бидат сами

Секој хороскопски знак има свои карактеристики кои го одликуваат и го прават посебен. Некои од припадниците уживаат во друштво и сакаат да наоѓаат нови пријатели, други пак, се секогаш подготвени да помогнат и со задоволство се во цврста и долготрајна врска. За некои хороскопски знаци врската која добро функционира е најважна. Кога овие хороскопски знаци имаат неуспех на љубовно поле, тие најтешко го поднесуваат тоа.

Близнаци
Родените во знакот на Близнаци се многу друштвени личности и со задоволство шират познанства. Со нив може да се разговара во врска со се и сакаат да разменуваат искуства. Без редовен контакт набргу почнуваат да се чувствуваат осамени. Така се чувствуваат и во соло фазите во животот. Напуштени и ужасно им недостасува да имаат некој покрај себе.

Вага
Вагата е еден од најдруштвените знаци и сака контакт со луѓето околу себе. Таа тежнее кон хармонија и многу е грижлива. Нејзините друштвени квалитети и помагаат бргу да создава нови пријателства и врски. Родените во овој знак, без партнер и љубов се чувствуваат осамени и можат да бидат многу несреќни поради тоа.

Водолија
Водолијата е друштвена личност и сака да патува со пријателите и секогаш е опкружена со многу луѓе. Добрата групна динамика е многу важна за неа и без редовен контакт се чувствува осамено. Со партнерот овој хороскопски знак е многу посреќен и полн со елан и радост.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>