Top

Хороскопски знаци кои најчесто остануваат сами

Секој човек посакува да ја најде личноста совршена за себе и со неа да создаде семејство, но сепак во реалноста многумина живеат различно. Кај нив не постои „ние“, туку само „јас“.

Близнаци
За припадниците на овој знак карактеристична е љубопитноста и детската природа. Токму таа љубопитност ги тера да го истражуваат светот и да се запознаваат со најразлични луѓе. За ова однесување многу им помага нивната комуникативност и фактот што секогаш се пријателски настроени. Ретко кога имаат какви било предрасуди, па токму таа карактеристика и често ги води кон емотивни проблеми. За Близнаците карактеристично е да избираат емоционално недостапни партнери или личности кои веќе се во врска или брак. Ако станува збор за првиот случај, тогаш тие се во состојба енормно да патат, но да не се откажат од идејата дека другата страна ќе се промени. Најголемиот проблем на Близнаците е тоа што главата им е често во облаци, па не ја гледаат реалноста. Токму затоа и постојано се заљубуваат во личност која е недостапна за нив. Тие сметаат дека со доволно трпение и внимание ќе можат сè да свртат во нивна корист. Бидејќи тоа најчесто не се случува, тие губат многу време во исчекување на она кое го посакуваат за на крај повторно да бидат скршени. Најлошо од сè е што тие навистина сакаат брак и деца, но во поголемиот број случаи не ја избираат соодветната личност за реализација на овие планови.

Лав
Лавот е вистински претставник на огнените знаци – енергичен, забавен и динамичен, лице кое освојува сè пред себе. Припадниците на овој знак се многу зборливи, па лесно го привлекуваат вниманието на спротивниот пол. Токму тоа и им овозможува да ја остварат својата најголема желба, да бидат обожувани и да им се восхитуваат. Врските во кои влегуваат најчесто се од сексуална природа, иако другата страна неретко очекува и нешто повеќе од тоа. Лавовите лесно кршат срца и не водат сметка дали некого повредуваат со своето однесување, дури и кога станува збор за личност која има деца. По правило, дури и за нив секогаш се наоѓа личност која е фатална. Во тој момент тие се подготвени да му/ѝ го подарат цел свет и ја искажуваат својата љубов на необични начини. Без разлика колку е интензивна оваа врска, сепак Лавот останува сам бидејќи другата страна не може да ја поднесе неговата импулсивност. Најголемиот проблем на Лавот е што тој би сакал личност која е секогаш тука за него, но сепак смета дека најдобро функционира доколку ништо не го запира. Без разлика на врските кои следат по таа фатална љубов, тој најчесто староста ја поминува сам, размислувајќи за тоа колку неговиот живот би му бил различен доколку остареле заедно со оваа личност.

Водолија
Припадниците на овој знак се исклучително интелигентни и елоквентни, па во комбинација со нивниот силен шарм стануваат речиси неодоливи. Сепак овие карактеристики најчесто не им помагаат да бидат среќни и емотивно исполнети. Без разлика колку добро знаат да ги советуваат другите за љубовните проблеми, тие самите се водат кон пропаст. Секогаш го слушаат срцето и често се впуштаат во врски со несоодветен партнер за нив. Иако за Водолијата тоа е јасно уште од самиот почеток, нејзината природа ја тера да остане во таа врска со цел да види што ќе се случи на крајот. Тие воопшто не умеат да тактизираат, а на партнерот му се предаваат 200%. Дури и да започнат добра врска, на нивниот партнер ќе му пречи слободниот ум и различниот поглед на светот кој ги издвојува од останатите. Кога ќе почувствуваат дека другата страна ги забавува или заробува, тие ќе се обидат да се прилагодат, но најчесто бегаат пред да биде доцна. Тоа може да се случи дури и по формирањето свое семејство, бидејќи за нив идиличната семејна слика пред светот е помалку важна од сопствената состојба. Тие не сакаат да играат по туѓи правила, туку да живеат според своите верувања, па затоа и со самотија плаќаат за да го остварат тоа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>