Top
Four different poses of one woman waiting for interview. =

Говорот на телото на хороскопските знаци

Начинот на кој се облекуваме, нашите гестови и мимики зборуваат многу за нас. Некогаш тие пораки се очигледни, но многу почесто се случува ние самите да не бидеме свесни што им пренесуваме на луѓето околу нас. Еве што за тоа кажува хороскопот.

Овен
Без разлика на возраста, настапот на Овенот е сигурен и одлучен. Движењата му се сигурни, кога разговара го гледа соговорникот во очи, а кога сака нешто да каже, не се срами да ве прекине додека зборувате. Се движи со брзи чекори, често со главата напред.

Бик
Од ситните брчки околу окото, па сѐ до подигнатите веѓи, говорот на лицето кај Бикот е пример за говор на телото. Припадниците на овој знак со движењата и гестовите речиси и да не даваат сигнал за нивната сензуалност и еротичност. Кога ќе почувствуваат дека се на сигурен терен, нивните движења стануваат многу поспонтани.

Близнаци
Најмногу искажуваат со својот говор на телото. Збиорлести, весели и духовити, полни со живот и нескротливи, со рацете зборуваат како пантомимичари. Нивното физичко движење лесно се забележува. Ја пренесуваат тежината постојано од едната на другата нога, и постојано имаат потреба нешто да држат во раце или, пак, ги превртуваат ракавите. Дури и во најсмирените ситуации, тие имаат немирен дух и не можат да стојат во едно место.

Рак
Припадниците на овој знак тешко губат контрола над себе. Нивната воздржаност и претпазливост најчесто произлегува од несигурноста. Сензуалноста кај Раковите се забележува при менување на тонот во говорот, поцврст стисок на раката, долги погледи и неконтролирани движења, кои стануваат забележливи и во нивните најинтимни моменти.

Лав
Имаат способност за себе да создадат слика дека се возвишени, посебни и авторитетни. Нивната истенчена смисла за убавина се забележува во вродената страст за педантна грижа за своето тело. Мажот Лав има фанатична потреба да биде во одлична форма.

Девица
Гестикулациите и мимиките се сведени на минимално ниво. Она што се гледа, зборува многу. Без разлика колку се трудат, припадниците на овој знак не можат да ја скријат внатрешната нервоза која ја манифестираат со цупкање во место и чепкање во косата. Колку се поуспешни, емотивно стабилни и здрави, толку повеќе движењата им се посигурни и посмирени.

Терезија
Жената Вага праќа заводнички, но не и вулгарни пораки, додека мажот на свој посебен начин дава до знаење дека ја забележува секоја жена што поминува покрај него. Привлекувањето на вниманието од спротивниот пол е основа за разбирање на говорот на телото на Терезиите. Тие сакаат да им се допаднат на другите, да воспостават телесна комуникација и да ја пробаат својата магија. Мажите се поотворени, додека жените кокетираат и се оддалечени.

Скорпијa
Говорот на телото им е непосреден, а сепак некако таинствен и мистериозен. Начинот на кој се движат и гестикулираат секогаш ја открива нивната моментална состојба на духот. Во тензични ситуации рацете им се прекрстени, усните стиснати, а погледот вперен во непозната насока. Овој знак буквално убава со поглед.

Стрелец
Луѓето родени во овој знак може да бидат необично убави, но изгледот и однесувањето им се животински. Имаат исправено држење, кое зрачи со самодоверба и со безгрижност. Многу Стрелци се протагонисти на љубовта на прв поглед благодарение на нивната неодолива привлечност и животински инстинкти. Кога некој ги привлекува, покажуваат отворена потреба за нивната близина, па дури и на јавно место.

Јарец
Движењата им се војнички, но кога некој им се допаѓа, го менуваат своето однесување во секунда. Во тие ситуации им паѓа концентрацијата, па често бараат да се повторат речениците.

Водолија
Како се чувствуваат, така и се однесуваат, без разлика кој е покрај нив. Сепак, со годините тоа се менува. Мажот станува ладнокрвен, за разлика од младоста, кога е спонтан. Жената е блага и толерантна, за разлика од младоста, кога е бунтовна.

Риби
Динамични и отворени во пристапот со другите се поврзани со неспособноста да останат статични и постојани. Нивната несигурност и потреба за сродна душа ги наведува на комуникација и со непознати. Гестикулацијата не им е претерана, туку симпатична. Кога се расположени, постојано гестикулираат, а кога не се, ги мрзи да го придвижат погледот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>