Top

Секој петти шеф го проверува Фејсбук профилот на своите вработени

Размислете добро кога ќе посакате да ги “закачите” фотографиите од ноќните излегувања на Фејсбук бидејќи истите можат “скапо да ве чинат”. Истражувањата покажуваат дека секој петти шеф ги одбива кандидатите за работа поради тоа што не му се допаѓаат нивните фотографии кои имал прилика да ги види на социјалните мрежи.



Професорката Ешли Пејн од едно англиско средно училиште била приморана да даде отказ откако директорот на училиштето ги погледнал фотографиите на нејзиниот Фејсбук профил и го оценил како мошне невкусни. Имено, на една од фотографиите Ешли држи две чаши во раце, едната полна со вино, а другата со пиво. Директорот ја етикетирал фотографијата како промоција за консумирање алкохол.
Таа не е единствена која поради социјалните мрежи го изгубила работното место. Истражувањето на група англиски научници покажува дека секој петти шеф редовно ги проверува фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи неговите вработени, како и на кандидатите кои конкурираат за одредено работно место.

Модерниот човек мора да биде свесен дека секој негов чекор остава неизбришлива трага во дигиталниот свет. Ова истражување само потврдува дека навистина живееме во т.н. дигитална реалност.
Исто така, истражувањата покажуваат дека голем број компании своето рекламирање и застапеност на социјалните мрежи го третираат како многу важно.

Реални ситуации:
– Кимберли Свен добила отказ откако на фејсбук напишала: “Прв ден на работа. Боже, колку е здодевно!”.
– Стефани Бон која работела во сектор за човечки ресурси во една фирма била отпуштена откако на Фејсбук искоментирала дека шефот не заслужува неспоредливо поголема плата во однос на нејзините примања.
– Чуварот во затвор, Нејтан Синг, добил отказ откако шефовите видела дека во листата на пријатели на фејсбук има поранешни и сегашни затворенички.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *