Top

Должината на средниот прст открива каков е мажот

Според најновите истражувања кои ги направиле група канадски научници, нивото на тестостерон влијае на должината на прстите кај мажот што директно укажува на неговите карактерни особини, како и либидо.

Алфа мажот кај кој средниот прст е значително подолг од показалецот многу често ќе биде подготвен да презема ризици во сите сфери на живеењето и неговото либидо е секогаш на високо ниво. Главен “виновник” за ваквите карактеристики е високото ниво на машкиот хормон – тестостерон. Ваквиот тип на мажи важат за најпривлечни и котираат највисоко кај жените.

Од друга страна, жените кои бараат сигурност и самоуверени мажи треба да обратат внимание дали показалецот е подолг од средниот прст. Генерално, ваквите мажи се здодевни.

Канадските научници истото истражување го направиле и кај жените, но не дошле до значајни резултати. Само констатирале дека кај најголем број жени показалецот и средниот прст имаат речиси иста должина.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *