Март или Цутар е третиот месец во годината според Грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден.
Според црковното сметање на циклусите март е шести месец по ред.

Во Стариот Рим март бил нарекуван Martius, по името на римскиот бог на војната Марс. Всушност, овој месец се сметал за особено благопријатен за воени дејствија.
Во Стара Грција, март бил познат како Anthesterion.
Вечерта меѓу 20-от и 21-от ден од март започнува пролетта и овој ден се обележува како пролетна рамнодневница бидејќи на тој ден ноќта и денот се еднакви, односно се со иста должина.

Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!