Top

Замокот “Vicarello”

Ова е едно од местата за кое се чини дека отсекогаш сте сонувале. Место кое се спомнува во романите и старите филмови, опишано како “изгледа премногу добро за да биде вистинито”. Но, вистинско е и датира од 1100-тата година. Замокот “Vicarello” се наоѓа во Тоскана – Италија, поточно во селото Марема.
Пред околу 50 години, семејството Басчети го открива овој замок и го претвара во свој семеен дом. Од 2003-та замокот функционира како место каде може да си приуштите луксузна тосканска релаксација. Замокот има 7 соби и капачитет да вгости 50-тина посетители, прекрасна градина, голема тераса со поглед кон околните планини, базен, мини-фурна и винарија. Во ентериерното решение доминира каменот, тулата, големите спални и италијанската висококвалитетна свила, големи завеси од лен и ѕидан камин.






Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *