Оваа анализа на машкиот карактер од аспект на брадата и мустаќите е дело на Алaн Петеркин. Алaн е дел од тимот на популарниот козметички бренд „Dove“, пишува за „Yahoo Shine“, а на тема бради и мустаќи има публикувано три книги.
ГОЛОБРАДОСТ
Петеркин верува дека трендовите на бради и мустаќи се менуваат на секои 20 години. Целосно избричената брада наскоро ќе се врати како моден тренд. Она што мажот го кажува со целосно избричено лице е дека не сака да се издвојува и дека сака класичен изглед.
БРАДА ОД ДВА ДЕНА
Во моментов ова е најпопуларна форма на брада бидејќи не е ниту права брада, ниту ги присилува мажите да се бричат секое утро, а стои добро на сечие лице. Но, иако не изгледа така, дури и дводневната брада бара одржување. Токму таквата брада зборува дека мажот ја следи модата.
МУСТАЌИ
Самите мустаќи никогаш не биле идеален машки стил. Во 70-тите мустаќите без брада најчесто можеле да се видат во порнографските филмови. Како и да е, мустаќите се израз на бунтовност и јасно кажуваат дека на мажот кој ги носи не му е важно што другите мислат за него.
ГУСТА БРАДА
Само редовно одржуваната брада изгледа добро на сите мажи. Оние кои имаат густа брада ја сметаат за дел од својот идентитет. Силната брада се толкува како знак на маженственост, а мажите кои ја носат се полни со самодоверба.
ДИВА БРАДА
Изминативе две години дивата, долга и несредена брада е апсолутен хит. Таа е синоним за високо ниво на тестостерон. Дивата брада е израз на слобода и бунтовност!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!