Боите играат голема улога во нашето секојдневие и живот иако не им посветуваме некое големо внимание. Имено, најновите истражувања докажаа дека боите и човековото расположение се во тесна врска. Црвената боја буди моќни и контрадикторни емоции, а сината го намалува стресот.
Во прилог прочитајте која боја какви емоции буди.

ЦРВЕНА БОЈА
Оваа моќна боја буди емоции како што се страв, лутина, но и страст. Според стручњаците, црвената боја е прилично комплицирана и нејзините нијанси предизвикуваат различни емотивни реакции. Жените кои носат црвени парчиња облека се најпривлечни за машкиот свет, а црвената според многумина е симбол за љубов. Црвената се смета како боја на страста. Најчесто ја носат луѓе со голем степен на самоувереност.
СИНА БОЈА
Доколку сте вознемирени и под стрес, а сакате да се смирите тогаш вперете го погледот кон нешто сино. Научно е докажано дека сината боја го намалува притисокот. Таа смирува, а притоа не ве прави депресивни. Делотворноста на сината боја стручњаците ја објаснуваат со нејзината застапеност во природата. Небото е сино, морињата и водените површини исто.
Препорачливо е да носите облека со сина боја при вашето интервју за работа. Така ќе оставите позитивен впечаток.
Сината боја се врзува со верност, стабилност, сигурност, сила.
ЗЕЛЕНА БОЈА
Носи позитивна енергија со самото тоа што е една од најзастапените во природата и окружувањето. Велат дека зелената е совршена боја за опуштање, освежување и кумулирање енергија. Таа се поврзува со растот, но и со повторното раѓање. Генерално, парче облека во зелена боја секому убаво прилега.
ЖОЛТА БОЈА
За жолтата велат дека е позитивна, но и негативна. Таа буди весели и позитивни емоции, радост и среќа, но и завист и болест. Спектарот на емоции зависи од нијансата на жолта боја. Топлата жолта боја буди позитивни емоции, но доколку е бледа и ладна изразува одбивност. Луѓето кои се облекуваат во топли нијанси на жолта боја зрачат со отвореност и пристапност.
ПОРТОКАЛОВА БОЈА
Портокаловата е комбинација на црвена и жолта. Таа буди позитивни емоции. Човековата потсвест ја доживува како боја полна со ентузијазам. Портокаловата е симбол на виталност и издржливост. Оваа боја е одличен избор по однос на гардеробата кога сакате да бидете поинакви и забележани.
Исто така, одлична е за спортска опрема и гардероба бидејќи поттикнува вежбање поради, како што напоменавме погоре, виталноста.

Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
mi se dopag zolta boja