Top
fen

Алтернативна употреба на фенот за коса

Фенот за коса е еден од мултифункционалните уреди кои сите ги имаме во својот дом, а многу од нас и не се свесни за тоа. Фенот може да ви биде од голема помош во домот, а може да го користите за овие нешта за кои ќе прочитате во продолжение.

Одлепете фотографии од албум
Aко имате албум со лепливи страници, фотографиите можете да ги извадите многу лесно без да ги оштетите. Само вклучете го фенот и насочете ја топлината кон фотографиите.

Исчистете ја прашината на тешко достапните места
Вклучете го фенот на ладно и насочете го кон местото од кое сакате да ја исчистите прашината. Многу лесно ќе ја издувате прашината и од оние места на кои е невозможно да потребите крпа.

Израмнете ги завесите во бањата
Новите, изгужвани завеси во бањата можете да ги израмните со топлината на фенот. Држете го фенот на околу 30cm оддалеченост од завесата.

Отстранете ги остатоцитe од восок
Вклучете го фенот на најсилна температура и насочете го кон местото на кое има восок, сѐ додека тој не се стопи. Потоа, едноставно отстранете го со сунѓерче со детергент.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>