Top
alkohol

Алкохолот секоја година убива 3.3 милиони луѓе

Според известувањето на СЗО, алкохолот секоја година убива 3.3 милиони луѓе, односно повеќе од сида, туберколоза и насилство заедно. Повеќе од 200 болести од кои умираат луѓето се резултат на консумирањето алкохол.

Консумирањето алкохол во 2012-та убило 3.3. милиони луѓе во светот, а во 2005-та година 2.5 милиони. Со оглед на порастот на бројот на жители во светот и предвиденото зголемување на консумирањето алкохол, болестите кои ги предизвикува алкохолот се во пораст.

Алкохолот влијае врз инфективните болести, кардиоваскуларни болести, дијабетес, сообраќајни несреќи, повреди, убиства. Во вкупната смртност на луѓето на годишно ниво, алкохолот учествува со 5.9%. Богатите земји се најголеми потрошувачи на алкохол, а неговата потрошувачка во Индија и Кина е во пораст, додека во американските, европските и африканските земји останува стабилна.

Според извештајот на СЗО, во 2010-та најголем потрошувач била Русија, земјите во источна Европа, Канада, Австралија и Јужна Африка. Во 2012-та година, светската потрошувачка на алкохол изнесувала 6.2l по особа постара од 15 години. Нивните податоци покажуваат дека 48% од светската популација никогаш не консумирала алкохол, а апстиненцијата од него е почеста кај жените.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *