Top

Добро утро (29-ти септември)

29-ти септември е 272-иот ден во годината според григоријанскиот календар (273-и во престапна година). Остануваат 93 денови до крајот на годината.

Настани:
1938 – Британија, Франција, Нацистичка Германија и Фашистичка Италија го потпишуваат Минхенскиот договор.
1941 – Почнало Драмското востание на македонските и на грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во градчињата Драма, Просечен, Карликово и Кубалица, кои биле нападнати од востаниците, била воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушиле востанието и притоа извршиле масакрирање на околу 3.000 луѓе и биле преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија.
1991 – Во селото Усје, скопско е осветена црквата „Свети Атанасиј“.
1993 – Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции.

Родени:
1758 – Хорацио Нелсон, британски адмирал.
1901 – Енрико Ферми, италијански физичар.
1904 – Николај Алексеевич Островски, руски писател.
1912 – Микеланџело Антониони, италијански режисер.
1922 – Александар Зиновјев, руски философ, социолог, есеист и литературен сатиричар.
1936 – Силвио Берлускони, поранешен италијански премиер.
1943 – Лех Валенса, поранешен полски претседател
1956 – Себастијан Коу, британски атлетичар.
1976 – Андриј Шевченко, украински фудбалер.

Починале:
1902 – Емил Зола, француски писател, творец и најизразит претставник на натуралистичкиот правец во книжевноста. Во своите дела внел толкава енергија и страст, што тие често добиваат халицинантни и чудесни димензии. Најпознати негови дела се романите „Нана“, „Жерминал“, „Земја“, „Плодност“ и „Слом“.
1914 – Стеван Мокрањац, српски композитор кој се одликувал со извонредна смисла за уметничка обработка на музичкиот фолклор. Негови најзначајни остварувања се ракатки, 15 народни рапсодии (со уметничка стилизација) на македонски, босански и на српски мелодии.
1930 – Илја Репин, руски сликар.

Празници:
Свети архангел Гаврил, Божји гласник, од големо значење за сите аврамски религии.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *