Top

Добро утро (28-ми септември)

28 септември е 271-иот ден во годината според григоријанскиот календар (272-и во престапна година). Остануваат 94 денови до крајот на годината.

Настани:
1864 – Во Лондон е формирана Првата интернационала.
1867 – Торонто станува главен град на Онтарио.
1898 – Италијанскиот лекар и зоолог Батиста Граси ги објавил резултатите од повеќегодишните проучувања во кои ги открил вистинските причинители и пренесувачи на маларијата.
1993 – Владата на Демократска Народна Република Кореја донесе одлука за признавање на Република Македонија.
1994 – Во Скопје, во издание на „МИ-АН“, излегува првиот број на „Македонско време“, независен информативно-политички магазин.

Родени:
551 п.н.е. – Конфучиј, прочуен кинески философ († 479 п.н.е.).
58 п.н.е. – Ливија Друсила, сопруга на Римскиот император Октавијан, мајка на императорите Тибериј и Друз († 29).
1571 – Микеланџело Мериси да Караваџо, италијански сликар († 1610)
1841 – Жорж Клеменсо, француски политичар.
1982 – Александар Ањуков, руски фудбалер.

Починале:
1891 – Херман Мелвил, еден од најголемите американски писатели кој низ симболи и алегорија многу често укажувал на себичноста и комерцијализацијата на општеството. Своите доживувања на морнарите и ловците на китови ги изнел во многу приказни и романи. Најпознато негово дело е романот „Моби Дик“.
1895 – Луј Пастер, француски хемичар и биолог. Ја открил вакцината против беснило, утврдил дека ферментацијата е биолошки процес и ги побил дотогашните теории за спонтаната реакција на микроорганизмите.
1960 – Наум Наумовски – Борче, народен херој на Македонија.
1994 – Вангел Коџоман, еден од основоположниците на современото македонско сликарство.
2010 – Михаил Левенски, познат македонски поет, раскажувач, драмски автор, хуманист, филозоф и невропсихијатар.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *