Top

Добро утро (26-ти септември)

26 септември е 269-иот ден во годината според григоријанскиот календар (270-и во престапна година). Остануваат 96 денови до крајот на годината.

Настани:
1371 – Се одиграла Битката на Марица во која загинале Волкашин и Угљеша Мрњавчевиќи, а синот на Волкашин, Крале Марко станал крал на прилепското кралство и турски вазал.
1604 – По многу одложувања, црковните власти во Шпанија дозволиле да се печати делото на големиот шпански писател Мигуел де Серванте „Дон Кихот“.
1960 – Првата политичка дебата меѓу Ричард Никсон и Џон Фицџералд Кенеди која била пренесувана на ТВ.
1962 – Се прокламира арапската Република Јемен.
1993 – Во Виница е отворен Првиот фестивал за хумор, сатира и карикатура во Република Македонија, наречен „Ин Виница веритас“.
1993 – Во селото Доверзенце, кумановско, е осветена новоизградената црква „Свети Ѓорѓи“.

Родени:
1889 – Мартин Хајдегер, главен претставник на егзистецијализмот во Германија. Извршил големо влијание врз современите философи на егзистенцијализмот. Негови најпознати дела се „Битие“, „Кант и проблемот на метафизиката“ и „Што е метафизика“. Умрел во 1976 година.
1898 – Џорџ Гершвин, американски композитор, пијанист и музичар.
1848 – Оливија Њутон-Џон, австралиска актерка и пејачка.
1856 – Линда Хамилтон, американска актерка.

Починале:
1868 – Август Фердинанд Мебиус, германски математичар, творец на Мебиусовата лента.
1945 – Бела Барток, унгарски композитор, пијанист и етномузиколог.
1973 – Ана Мањани, италијанска актерка.
1990 – Алберто Моравија, еден од најголемите современи писатели.
2010 – Димитар Зози, еден од најголемите македонски актери.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *