Top

Добро утро (25-ти октомври)

25-ти октомври е 298-иот ден во годината според григоријанскиот календар (299-и во престапна година). Остануваат 67 денови до крајот на годината.

Настани:
1936 – Нацистичка Германија и фашистичка Италија ја формираа Оската Рим – Берлин, со што е зацврстен сојузот на водечките фашистички држави во Европа. „Оската“ подоцна со вклучувањето на Јапонија за кусо време стана првокласна меѓународна воена и политичка групација и извор на империјалистички амбиции и на агресивни планови.
1971 – НР Кина е примена во членството на ООН.
1993 – Мелина Меркури, артистката во филмот „Никогаш в недела“, која ја доби функцијата министер за култура во Атина, вети дека ќе се бори за враќање на мермерните украси од Британскиот музеј, антички орнаменти кои го краселе Партенон. „Никогаш не почнувам борба без да ја продолжам и без да ја завршам“, изјави Меркури. Сите британски влади одбија да ги вратат мермерите, бидејќи тоа ќе значи преседан, со кој музеите низ светот ќе ги загубат своите богатства.
1994 – Седум слики на шпанскиот сликар Пабло Пикасо се украдени од една уметничка галерија во Цирих, соопшти полицијата. Вредноста на сликите е проценета на 250 милиони швајцарски франци, односно 208 милиони долари.

Родени:
1757 – Хенрих Фридрих Карл – пруски политичар.
1811 – Еварист Галоа – француски математичар.
1825 – Јохан Штраус – помладиот, австриски композитор, виолинист и диригент.
1838 – Жорж Бизе, француски композитор, автор на многу познатата опера „Кармен“, најуспешното дело на францускиот реализам.
1881 – Пабло Луис Пикасо, шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари, основач на кубизмот.
1911 – Михаил Јангел – советски инженер.
1931 – Ани Жирардо, француска актерка.
1981 – Шон Рајт Филипс – англиски фудбалер.
1984 – Кети Пери, американска пејачка.

Починале:
625 – Папа Бонифациј V, еден од најголемите реформатори на црквата во Англија.
1154 – Стефан Англиски, крал на Англија.
1400 – Џефри Чосер, најголем англиски поет во средниот век, еден од основачите на англиската книжевност.
1647 – Еванџелиста Торичели, италијански физичар и математичар.
1987 – Андреј Колмогоров, руски мтатематичар и еден од најистакнатите математичари на 20 век.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *