Top

Добро утро (24-ти октомври)

24-ти октомври е 297-иот ден во годината според григоријанскиот календар (298-и во престапна година). Остануваат 68 денови до крајот на годината.

Настани:
1795 – Русија, Австрија и Прусија ја поделиле територијата на Полска.
1797 – Лима, главниот град на Перу, е разурнат од силен земјотрес, при што загинале околу 5.000 луѓе.
1857 – Во Шефилд, Англија формиран е ФК Шефилд, најстариот фудбалски клуб во светот.
1918 – Сфаќајќи дека со распаѓањето на Австро – Унгарија целосниот пораз на централните сили е неизбежен, царот Карло побара интервенција од Католичката црква за прекинување на војната. Меѓутоа, интервенцијата на Ватикан немаше успех. Сојузниците продолжија со операцијата и ги натераа Австро – Унгарија и Германија на безусловна капитулација.
1945 – Стапи во сила Повелбата на Организацијата на обединетите нации, која заедно со Статутот на Меѓународниот суд, претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се слави како Ден на Организацијата на обединетите нации.
1992 – Во Тетово е формиран Сојуз на албанските жени.
1997 – На пет километи под површината на Индискиот океан, нуркачите го пронајдоа американскиот брод кој носеше 2.000 тони сребро, кое претседателот Рузвелт му го испратил на Сталин во 1944 – Рузвелт сакал да им помогне на Русите во борбата против Хитлер, но планот пропаднал кога германскате подморници го потопиле. Во бродот имало сребро во вредност од најмалку 330 милиони долари.

Родени:
51 – Домицијан, римски император.
1865 – Григор Ќуркчиев, бугарски генерал, учесник во Балканските војни.
1882 – Имре Калман, унгарски композитор.
1914 – Џонас Едвард Салк, американски микробиолог.
1915 – Тито Гоби, италијански оперски пејач, баритон.
1915 – Боб Кејн, американски уметник, создавач на анимираниот херој Бетмен.
1930 – Јохан Галтунг, норвешки пацифист.
1943 – Христо Георгиевски, македонски поет, есеист, критичар, книжевен историчар.
1960 – Љубе Бошкоски, македонски политичар .
1966 – Роман Абрамович, руски мултимилијардер.
1985 – Вејн Руни, англиски фудбалер.

Починале:
996 – Иго Капет, крал на Франција од Капетинската династија.
1537 – Џејн Симор, третата сопруга на англискиот крал Хенри VIII.
1725 – Алесандро Скарлати, италијански композитор.
1912 – Доксим Михајлов, војвода на Српскиот комитет на четничката акција.
1957 – Кристијан Диор, француски моден креатор.
1991 – Џин Роденбери, американски режисер.
2005 – Роза Паркс, американска активистка за човекови права.

Празници:
* Ден на Организацијата на обединетите нации.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *