Настани:
1917 – Кај местото Луневил, во Франција, американските сили ги почнаа првите борбени акции во Првата светска војна.
1942 – Втора Светска војна: Кај градчето Ел Аламејн, во египетската пустина, британските сили ги нападнаа германско-италијанските позиции. По дванаесетдневни огорчени борби, германско-италијанските трупи беа уништени. Наскоро почна сојузничкото истоварување во Северна Африка.
1944 – Втора Светска војна: Во Филипинскиот Архипелаг се одигра најголемата поморско-воздушна битка. Во неа учествуваше целата јапонска флота и три четвртини од флотата на САД. Битката траеше до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштија боиштето, со обострани големи загуби.
1944 – Втора Светска војна: Сојузнички држави ја признаа привремената влада на Франција што ја формира Шарл де Гол.
1954 – САД, СССР, Велика Британија и Франција се спогодија да ја окончаат окупацијата на Германија.
1956 – Започува Унгарската револуција против советската доминација во Унгарија.
1973 – Израелската воена команда соопшти дека Израел и Египет се спогодиле да ги прекинат вооружените напријателства на Блискиот Исток.
1992 – По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото.
Родени:
1698 – Анж-Жак Габриел, влијателен француски архитект, еден основоположниците на неокласичната архитектура.
1844 – Сара Бернар, француска артистка со исклучително убав глас и дарба.
1927 – Лешек Колаковски, полски философ.
1940 – Пеле, бразилски фудбалер.
Починале:
1872 – Теофил Готје, француски писател. Пишувал песни, романи, патописи и критики.
1893 – Александар I Батенберг, кнез на Бугарија.
1918 – Едмон Бушје Де Бел, француски писател.
1990 – Луј Алтизе, француски философ.
Празници:
* Унгарија – Национален ден.
* Ден на мaкедонската револуционерна борба – Државен празник.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!