Top

Добро утро (21-ви октомври)

21-ви октомври е 294-иот ден во годината според григоријанскиот календар (295-и во престапна година). Остануваат 71 денови до крајот на годината.

Настани:
1805 – Во Битката кај Трафалгар британската флота предводена од адмиралот Лорд Нелсон ја победила здружената Француска и Шпанска флота. Оваа победа претставувала почеток на светската доминација на британската морнарица во следните 130 години.
1824 – Џозеф Аспдин, ѕидар од Лидс, Велика Британија, го патентирал Портланд цементот.
1941 – Втора Светска војна: Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија – од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца.
1967 – Над 100.000 демонстранти протестирале против Виетнамската војна во Вашингтон, САД. 683 лица биле уапсени поради судари со полицијата.
1995 – По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка.
1997 – Мило Ѓукановиќ, е избран за претседател на Црна Гора.
2010 – Усвоено новото знаме на Мјанмар (Бурма).

Родени:
1833 – Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец.
1919 – Димче Јанко, истакнат македонски копаничар од Охрид.

Починале:
1927 – Бора Станковиќ, српски писател.
1969 – Џек Керуак, американски писател, претставник на таканаречената „бит генерација“.
1984 – Франсоа Трифо, еден од најпознатите француски филмски режисери со светска слава.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *