Top

Добро утро (18-ти октомври)

18-ти октомври е 291-иот ден во годината според григоријанскиот календар (292-и во престапна година). Остануваат 74 денови до крајот на годината.

Настани:
1867 – Владата на САД го купила од Русија, полуостровот Аљаска за седум милиони и двесте илјади долари.
1912 – Во Лозана, Турција и Италија потпишале Договор за мир, со што завршила Италијанско – турската војна (1911-1912).
1943 – Во Москва почна конференцијата на министрите за надворешни работи на земјите сојузнички во борбата против силите на Оската.
1962 – После неколку дневните поројни дождови, реката Вардар се излеала во градот Скопје. Бидејќи на било регулирано коритото на реката, поплавата го зафатила целиот град, се до насипот во населбата Пролет. Поплавата траела три дена, но без човечки жртви. Беше предизвикана голема материјална штета.
1967 – Како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица „Венера-4“, спуштила научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати успешно се испитани атмосферата и површината на планетата.
1972 – Потпишана е спогодба со која СССР се обврзува на САД да им ги врати 722 милиони долари, добиени во Втората светска војна врз основа на договорот за заем и за наемнина.
1994 – Британската кралица Елизабета Втора за прв пат во петвековната соработка, допатува во тридневна посета на Русија. Рускиот претседател Борис Елцин, изјави дека посетата е признание за руската демократија.
1998 – Во Република Македонија се одржува првиот круг од третите парламентарни избори.

Родени:
1898 – Вера Циривири Трена, носител на „Партизанска споменица 1941“, прв претседател на АФЖ на Македонија.
1925 – Рамиз Алија, албаски политички лидер.
1929 – Виолета Чаморо, никарагвански претседател.
1956 – Мартина Навратилова, американска тенисерка.
1959 – Милчо Манчевски, македонски режисер и сценарист

Починале:
1893 – Шарл Гуно, француски композитор, кој заедно со Санс, е главен претставник на класичниот правец на француската музика во 19 век.
1931 – Томас Алва Едисон, голем американски пронаоѓач кој го задолжил светот со голем број технички откритија од кои речиси сите се сврзани со употребата на електрична струја.
1990 – Гога Џаџу, првоборец и носител на „Партизанска споменица 1941“.
2003 – Мануел Васкез Монталбан, шпански писател.

Празници:
* Ден на Алјаска.
* Европски ден за борба против трговија со луѓе.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *