Настани:
1689 – Армијата на Хабзбуршката монархија го ослободува градот Видин од турско иго.
1813 – Кај Лајпциг почнала т.н. „Битка на народите“, во која Наполеоновите сили се нашле под ударите на здружените сојузници: Русија, Прусија и Австрија. Француската армија била победена, а на 19 октомври, сојузниците го зазеле Лајпциг. Наполеон се повлекол преку Рајна и неколку месеци подоцна бил принуден да абдицира.
1925 – Во Локарно, Швајцарија, бил потпишан гарантен пакет меѓу Германија, Белгија и Франција за меѓусебно почитување на постојните граници. Договорот во Локарно создадал ера на мир и просперитет во Западна Европа, но покажал дека германските граници кон Полска и Чехословачка не се толку „свети“ како западните граници.
1945 – Во Квебек, Канада, е основана Организацијата на обединетите нации за исхрана и земјоделство (ФАО), со задача да ги проучува проблемите на исхраната и на земјоделството во светот и да препорачува национални и меѓународни мерки за унапредување на исхраната на населението. Овој датум во 1979 година е установен како Светски ден на храната, а се прославува од 1982 година.
1949 – Николаос Захаријадис, лидерот на Комунистичката партија на Грција, објавил „привремен прекин на огнот“, со што всушност завршила Граѓанската војна во Грција.
1964 – Владата на НР Кина соопшти дека во оваа земја е извршена прва експериментална експлозија на нуклеарна бомба. Така Кина како петта земја во светот, стапи во редот на нуклеарните сили.
1994 – Во Македонија се одржа првиот круг од парламентарните, а по прв пат и од општи претседателски избори. Киро Глигоров е реизбран за претседател во првиот круг со освоени 52,4% од гласовите. ВМРО ДПМНЕ и останатата опозиција ги отфрли резултатите и го бојкотираше вториот круг на изборите.
Родени:
1921 – Славчо Стојменски, народен херој на Македонија.
Починале:
1793 – Во Париз е погубена француската кралица Марија Антоанета, жена на францускиот крал Луј XVI, кој порано завршил на гилотина. Пресметката на револуцијата со кралската двојка долго време било едно од оправдувањата за интернационалистички војни на монархистичка Европа против Република Франција.
2007 – Тоше Проески, македонската мега ѕвезда.
Празници:
* Светски ден на храната.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!