Top

Добар ден (15-ти октомври)

15-ти октомври е 288-иот ден во годината според григоријанскиот календар (289-и во престапна година). Остануваат 77 денови до крајот на годината.

Настани:
1582 – Почнува да се користи Грегоријанскиот календар. Во Италија, Полска, Португалија и Шпанија датата 4. октомври била следена од 15. октомври, т.е. биле прескокнати 10 дена.
1878 – Компанијата на Едисон за електрични светилки, денешен Џенерал Електрик, започнала со работа.
1894 – Алфред Драјфус, бил уапсен за шпионирање – започнала Аферата „Драјфус“ која кулминирала со написот „Обвинувам!“ од Емил Зола во весникот Аурора.
1928 – Цепелинот „Граф Цепелин“ го завршил првото патување преку Атлантикот и слетал во Лејкхурст, Њу Џерси, САД.
1945 – Втора светска војна: Смртната казна со стрелање била извршена над поранешниот претседател на Вишиевска Франција Пјер Лавал за предавство.
1946 – Нирнбершки процес: Херман Геринг се самоубил со труење ноќта пред извршувањето на смртната казна.
1971 – Иран ја прославил 2500-годишнината од основањето на Персија.
1984 – Во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот на Македонците во Канада „Македонија“.
1992 – Во Скопје е регистрирана Демократската Партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Едроган Сарач.
1995 – По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско – грчката граница.

Родени:
1844 – Фридрих Ниче, германски философ, професор по класична филологија.
1854 – Оскар Вајлд, англиски писател.

Починале:
1917 – Мата Хари со вистинско име Гертруд Маргарет Зеле била погубена во Париз. Позната германска шпионка за време на Првата светска војна, по потекло Холанѓанка,
1989 – Данило Киш, еден од најголемите југословенски писатели со светско реноме.

Празници:
* Глобален ден на миењето раце.
* Ден на белиот бастун – САД.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *