Top

Добро утро (14-ти октомври)

14-ти октомври е 287-иот ден во годината според григоријанскиот календар (288-и во престапна година). Остануваат 78 денови до крајот на годината.

Настани:
1941 – Во селото Крупиште, Штипско, како одмазда за загубената борба, германските фашисти со вперени пушки влегувале во куќите и ги собирале мажите од 15 до 60-годишна возраст, притоа пукале во секој што ќе почнел да бега. Злосторниците влегувале во куќите и ги гореле заедно со добитокот. Притоа стрелале 49 луѓе. Истиот ден германските фашисти извршиле масакр над населението во кочанското село Уларци. Селото било опожарено и биле стрелани 40 луѓе.
1993 – Во Њујорк, е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под Уставното име.
1994 – По Ирската републиканска армија и лојалистичките парамилитарни единици, објавија општ прекин на воените акции, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата северно-ирска драма.

Родени:
1890 – Двајт Ајзенхауер, американски генерал и политичар.
1919 – Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
1985 – Виталиј Фридзон, руски кошаркар.

Починале:
1944 – Ервин Ромел, германски фелдмаршал, познат како „Пустинска лисица“ (р.1891).
1977 – Бинг Крозби, американски актер и пејач, добитник на филмската награда Оскар.
1990 – Леонард Бернштајн, американски композитор, пијанист и диригент, познат по музичките нумери во филмот „Приказна од Западната страна“ (англ.West Side Story).
2010 – Беноа Манделброт, франко-американски математичар, познат изучувач на фракталите (р. 1924).


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *