Top

Добро утро (11-ти октомври)

11-ти октомври е 284-иот ден во годината според григоријанскиот календар (285-и во престапна година). Останува уште 81 ден до крајот на годината.

Настани:
1941 – Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад на бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со овој чин бил означен почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел конечно ослободување на земјата. На 12 октомври се огласиле и истрелите на кумановските партизани. Почнала четиригодишната крвава НОВ на македонскиот народ за конечно ослободување на земјата која завршила со успех само во еден дел на Македонија.
1954 – Во Скопје се пренесени моштите на Гоце Делчев.
1963 – Директно од студиото на ТВ Скопје во Нерези, во 16 часот е емитувана првата емисија-документарниот филм „Востанати“ работена по повод 60-годишнината од Илинденското востание.
1964 – Виет Мин ја презема контролата над Северен Виетнам.
1994 – Во Анталија – Турција, на Петтата меѓународна конференција за безбедност и соработка на која учествуваа високи официјални личности од земјите-членки на НАТО и КЕБС, македонската делегација ја истакнала заинтересираноста на Република Македонија за интегрирање во НАТО.

Родени:
1885 – Франсоа Шарл Моријак, француски писател и публицист, добитник на Нобеловата награда за литература.
1910 – Љубен Лапе, редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
1483 – Мартин Лутер, германски реформатор.

Починале:
1670 – Луј Ле Во, славен француски архитект.

Празници:
Ден на народното востание на Македонскиот народ.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *