Top

Добро утро (6-ти октомври)

6-ти октомври е 279-иот ден во годината според григоријанскиот календар (280-и во престапна година). Остануваат 86 денови до крајот на годината.

Настани:
1582 – Поради воведувањето на реформите во календарот, подоцна наречени Грегоријански календар според папата Грегор XIII, во Италија, Полска, Португалија и Шпанија овој ден во 1582. година е прескокнат.
1600 – Во Фиренца, во Италија во палатата Пити, за време на свеченостите по повод венчавката на англискиот крал Хенри Шести со Марија Медичи, е одржана премиерната изведба на операта „Евридика“, прва опера во историјата што ја создаде италијанскиот композитор Јакопо Пери.
1889 – Томас Едисон го покажува неговиот прв филм (слики во движење).
1908 – Австрија ги анексира Босна и Херцеговина.
1943 – Балистите запалија поваќе куќи во селото Кленоец и селото Попоец, Кичевско, а во наредните денови беа ограбени повеќе куќи и убиени луѓе во селата Душегубица, Иванчиште, Малкоец и други.
1981 – Во текот на воена парада, убиен е претседателот на Египет Анвар ал-Садат од исламски радикали во војската.

Родени:
1459 – Мартин Бехајм, германски морепловец и географ.
1769 – Сер Исак Брок, британски командант.
1888 – Роланд Гарос, француски пилот.
1971 – Алан Стабс, англиски фудбалер.
1973 – Џеф Дејвис, американски комедијант.

Починале:
1014 – Самуил, македонски цар.
1891 – Чарлс Стјуарт Парнел, ирски политичар.
1943 – Јосиф Јосифовски – Свештарот, народен херој на Македонија.
1973 – Сидни Блекмер, американски актер.
2006 – Вилсон Такер, американски писател.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *