Top

Добро утро (4-ти октомври)

4-ти октомври е 277-иот ден во годината според григоријанскиот календар (278-и во престапна година). Остануваат 88 денови до крајот на годината.

Настани:
1725 – Формирање на Росарио во Аргентина.
1824 – Мексиканскиот народ по долготрајна борба против шпанската колонијална војска се избори за независност и го прогласи Мексико за република со неофицијален назив Соединетите Држави Мексико.
1883 Првото патување на Ориент Експрес.
1940 – Сретнување на Адлоф Хитлер и Бенито Мусолини кај преминот Бренер.
1941 – Во селото Чучер, скопско, е формиран првиот Народноослободителен одбор во Македонија, За прв претседател беше избран Петар Крстев Урдаревски.
1957 – Советскиот Сојуз го лансира во орбитата околу Земјата првиот вештачки сателит „Спутник 1“ со пречник од 58 сантиметри и со тежина од 83 килограми.
1993 – Во Москва беше емитувана одлуката на претседателот Елцин за воведување вонредна состојба во главниот град на Русија. Со неа се забранува секакво собирање, односно забрането е одржување на митинзи и демонстрации. Руската Влада го повика народот да не се вклучува во немирите.

Родени:
1289 – Кралот Луј X од Франција.
1657 – Франческо Солимена, италијански уметник.
1720 – Џовани Батиста Пиранези, италијански уметник (графичар).
1861 – Фредерик Ремингтон, американски уметник.
1886 – Луис Алберни, шпански актер.
1924 – Чарлтон Хестон, американски актер.
1973 – Крис Паркс, американски борач.

Починале:
1669 – Харменсон ван Рајн Рембрант, холандски сликар, еден од наjпознатите во историјата на европското сликарство кој ја доведе до совршенство хуманизацијата на човековиот лик. Автор е на делата „Ноќна стража“, „Час по анатомија“ и „Христос во Емауд“.
1821 – Џон Рени, шкотски инженер.
1944 – Ал Смит, американски политичар.
1951 – Вили Морети, американски гангстер.
1974 – Ане Секстон, американски поет.
2004 – Гордон Купер, американски астронаут.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *