Top

Добро утро (8-ми јуни)

8-ми јуни е 159-тиот ден во годината според григоријанскиот календар (160-ти во престапна година). Остануваат 206 дена до крајот на годината.

Настани:
1783 – Вулканот Лаки на Исланд започнува осуммесечна ерупција во која загинале 9.000 лица и предизвикал седумгодишна глад во Европа и Америка.
1942 – Втората светска војна: Јапонски подморници ги бомбардирале Сиднеј и Њукасл во Австралија.
1949 – Џорџ Орвел го објавил романот 1984.
1986 – Курт Валдхајм е избран за претседател на Австрија, наспроти обвинувањата за злосторства, кои како нацистички офицер наводно ги вршел во Втората светска војна.

Родени:
1625 – Џовани Доменико Касини, италијански научник.
1671 – Томасо Албињони, италијански композитор.
1810 – Роберт Шуман, германски композитор и музички писател.
1867 – Френк Лојд Рајт, американски архитект.
1903 – Маргерит Јурсенар, француска писателка.
1905 – Стефан Гајдов, македонски композитор, диригент и педагог од првата генерација македонски музички дејци.
1921 – Сухарто, претседател на Индонезија.
1934 – Видое Подгорец, македонски писател и патеписец.
1983 – Ким Клајстерс, белгиска тенисерка.
1988 – Рејналдо Заварке, венецуелски актер.

Починале:
632 – Мухамед, пророк, зачетник на исламот.
1376 – Едвард, син на англискиот крал Едвард III.
1795 – Луј XVII, француски крал.
1845 – Ендру Џексон, Претседател на САД.
1876 – Жорж Санд, француска писателка.
1908 – Милан Арсов, македонски револуционер.

Празници:
* Светски ден на океаните.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *