Настани:
1492 – Кралицата Изабела I од Кастилја го издала Декретот од Алхамбра со кој им наредила на своите 150.000 Еврејски поданици да го примат христијанството или ќе бидат прогонети.
1889 – Во Париз свечено е отворена за посетителите Ајфеловата кула, челична конструкција висока 320 метри, што ја проектирал Густав Ајфел.
1918 – Летното сметање на времето за првпат се применува во САД.
1931 – Земјотрес ја разурнал Манагва, главниот град на Никарагва, при што загинале 2.000 луѓе.
1951 – Првиот комерцијален компјутер УНИВАК-I е испорачан во Бирото за попис на САД.
1979 – Малта станала независна држава откако и последниот британски војник заминал од Малтешките острови. Овој ден на Малта се прославува како Ден на слободата.
Родени:
1499 – Папа Пиј IV, римски папа.
1519 – Анри II, крал на Франција.
1596 – Рене Декарт, француски философ, математичар и физичар.
1675 – Папа Бенедикт XIV, римски папа.
1732 – Франц Јозеф Хајдн, австриски композитор.
1809 – Николај Васиљевич Гогољ, руски писател, хуморист и сатиричар.
1850 – Чарлс Волкот, американскиот палентолог.
1981 – Никола Карчев, македонски фудбалер.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!