Настани:
1968 – При еден пробен лет со авион загина Јуриј Гагарин, првиот човек кој полета со космички брод во вселената, херој на Советскиот Сојуз. На 12.04.1961 година, со космичкиот брод „Восток“ ја обиколи Земјата за 108 минути, летајќи на височина помеѓу 181 и 327 километри. По поминатите 41.000 километри, успешно се спушти на Земјата.
1977 – Во Санта Круз, на Канарските Острови, во Атлантскиот Океан, се случи најтешката авионска несреќа во историјата на цивилното воздухопловство. Во судирот на два авиони „џамбо џет“ на Американската авиокомпанија и на Холандското кралско воздухопловство загинаа околу 580 патници.
1992 – Последниот војник на некогашната ЈНА ја напушта територијата на Република Македонија.
1999 – Над територијата на СР Југославија е соборен американски стелт бомбардер од типот F-117. Ова е единствен случај бомбардер од овој тип да е соборен од непријателски оган откако претходно е детектиран со помош на нискофреквентен радар.
Родени:
972 – Робер II Побожниот, крал на Франција.
1785 – Луј XVII, крал на Франција.
1845 – Вилхелм Конрад Рентген, германски физичар, професор на неколку универзитети во Германија.
1886 – Лудвиг Мис ван ден Рое, американски архитект.
1918 – Борис Чипан, македонски архитект.
1963 – Квентин Тарантино, американски режисер.
1990 – Наталија Санчез, шпанска глумица и пејачка.
Починале:
1378 – Папа Григур XI, римски папа.
1462 – Василиј II Московски, московски кнез.
1625 – Џејмс I, крал на Англија.
1770 – Џовани Батиста Тјеполо, венецијански уметник.
1918 – Мартин Шеридан, американски атлетичар.
1972 – Мауриц Корнелис Ешер, холандски графички уметник.
2006 – Станислав Лем, полски писател на научна фантастика.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
Ludwig Mies van der Rohe – GERMANSKI ARHITEKT.. 😉