Настани:
1703 – Рускиот цар Петар Велики, на утоката на реката Нева, во Балтикот, основа град, кој според него е наречен Санкт Петербург (до 1914 г.), Петроград (до 1924 г.), Ленинград (до 1992 г.), а потоа повторно Санкт Петербург. Од 1712 до 1918 г. градот бил престолнина на Царска Русија.
1957 – Пуштен е во погон првиот агрегат на ХЕЦ „Вруток“.
1996 – Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.
Родени:
1878 – Исидора Данкан, позната северноамериканска балерина, сопруга на рускиот поет Сергеј Есенин.
1907 – Рејчел Карсон, американски зоолог и биолог.
1912 – Кирил Миљовски, македонски револуционер, академик, општественик и прв ректор на Универзитетот во Скопје.
1947 – Душан Николовски, македонски рударски инженер.
1974 – Емруш Сума, поранешен член на ОНА.
1973 – Никола Маџиров, македонски поет, есеист и преведувач.
Починале:
1840 – Николо Паганини, италијански композитор и виолинист.
1964 – Џавахарлал Нехру, државник, симбол на новата Индија.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!