Настани:
1541 – Во Лима, денес главен град на Перу, е убиен конквистадорот Франциско Пизаро.
1819 – Патентиран е велосипедот.
1941 – Во околината на Разлог Никола Парапунов ја формирал првата партизанска чета на територијата на фашистичка Бугарија.
1945 – На конференција во Сан Франциско, делегати од 50 земји ја потпишуваат Повелбата за основање на Обединетите Нации.
1948 – Студена војна: Западните сојузници воспоставиле воздушен мост до Западен Берлин, по блокадата на патишатата од страна на СССР.
1948 – Вилијам Шокли го патентирал транзисторот.
1959 – Отворен е пловниот пат помеѓу реката Сент Лоренс и Големите езера.
1960 – Мадагаскар стекнува независност, претходно под управа на Франција.
1963 – Џон Ф. Кенеди го одржува својот најпознат говор – „Ich bin ein berliner“.
1976 – Во Торонто е отворена телевизиската кула ЦН Тауер, тогаш највисоката градба во светот.
Родени:
1730 – Шарл Месије, француски астроном, автор на Месијеовиот каталог.
1805 – Џузепе Мацини, италијански револуционер и демократ.
1824 – Вилијам Томсон Келвин, познат научник во полето на термодинамика, електродинамика, механиката и хидродинамиката.
1841 – Паул Валот, германски архитект од хугенотско потекло, најпознат како архитект на зградата на Рајхстагот во Берлин.
1856 – Макс Штирнер, германски филозоф, анархист.
1869 – Владимир Димитријевич Ласкарев, руски геолог и палеонтолог.
1892 – Перл Бак, американска писателка, добитник на Нобелова награда.
1898 – Вили Месершмит, германски конструктор на авиони.
1908 – Салвадор Аљенде, социјалистички претседател на Чиле од 1970 до 1973.
1936 – Коста Пеев, македонски славист.
1955 – Мик Џонс, британски гитарист.
1968 – Паоло Малдини, италијански фудбалер.
1970 – Крис О’Донел, американски актер.
1976 – Ед Јовановски, канадски професионален хокеар од македонско потекло кој игра во Националната Хокеарска Лига за тимот на Phoenix Coyotes.
1987 – Самир Насри, француски фудбалер.
Починале:
363 – Јулијан, последниот римски цар со паганска вера.
1541 – Франциско Пизаро, шпански конквистадор.
1810 – Жозеф Мишел Монголфје, француски иноватор.
1836 – Клод Жозеф Руж де Лил, француски офицер, автор на Марсејезата, француската химна.
1882 – Ернест Теодор Хофман, германски писател, композитор, цртач, судија и професор по музика.
1984 – Мишел Фуко, француски философ со катедра на Collège de France.
1994 – А. ден Долард, холандски писател.
2005 – Љутви Сејфула, македонски актер.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!