Настани:
1531 – Лисабон го погоди катастрофален земјотрес при што загинаа околу 30.000 луѓе.
1788 – 736 затвореници од Англија пристигнале во Австралија, во Порт Џексон (денешен Сиднеј), и ја формирале првата европска колонија на новиот континент. Ден на Австралија.
1827 – Перу прогласи независност.
1841 – Прогласен е британски суверенитет над Хонгконг. По шест денови Кина беше принудена да го отстапи Хонгконг на Велика Британија.
1905 – Кај Преторија во Јужна Африка откриен е „Калинан“, најголемиот дијамант во светот, со вредност од 3.106 карати.
1934 – Потпишана е германско-полска изјава за ненапаѓање и за мирно решавање на споровите. Со тоа Хитлер доби безбедност на исток и можеше да тргне во освојување на Подунавје. Излегувањето на Полска од францускиот блок значеше голема пукнатина на европскиот систем на колективна безбедност и успех на Хитлер.
1942 – Втора Светска војна: САД упатија први сили во Европа, во која во тоа време војна се водеше само на Источниот фронт и на подрачјето на Југославија. Трупите беа стационирани во Северна Ирска.
1946 – Излезе од печат првата граматика на македонски јазик што ја напиша професорот Круме Кепески.
1950 – Индија формално е прогласена за Република во рамките на Британскиот комонвелт.
1993 – Вацлав Хавел е избран за прв претседател на Чешка.
1994 – Романија стана прва поранешна членка на Варшавскиот пакт која со НАТО пактот потпиша Документ „Партнерство за мир“.
1994 – Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната банка за финансирање на развојот на земјоделството (ИФАД).
1996 – Американскиот Сенат го одобри Договорот Старт-2 за намалување на бројот на американските и руските нуклеарни ракети.
Родени:
1959 – Александар Станковски, македонски уметник.
Починале:
1823 – Едвард Џенер, пронаоѓач на вакцината против големи сипаници.
1864 – Лео фон Кленце, прочуен германски неокласичен архитект .
1961 – Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог.
1990 – Ава Гарднер, една од легендите на Холивуд.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!