Настани:
1888 – Винсент ван Гог си отсекол делче од левото уво.
1944 – Во Скопје излезе првиот број на весникот „Бирлик“ на турски јазик, како орган на НОФ на Македонија.
1947 – Откриен е транзисторот, кој физичарите Џон Бардин, Волтер Братин и Вилијам Шокли го развиле во лабораториите Бел во САД.
1991 – Во Скопје е регистрирано здружението Млади европски федералисти на Македонија, со седиште во Скопје. За претседател е избран Нано Ружин.
1993 – Официјално е отворена Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија. За амбасадор, е наименуван Тони Милсон.
Родени:
1777 – Александар I, руски император.
1790 – Жан Франсоа Шамполион, француски египтолог.
1869 – Иван Гарванов, бугарски револуционер.
1925 – Јаника Балаж, прочуен тамбураш од Војводина.
1968 – Мануел Ривера-Ортис, порторикански фотографер.
Починале:
910 – Свети Наум Охридски, просветител и свештеник.
1906 – Даме Груев, еден од основачите на ВМРО.
1953 – Лаврентиј Берија, советски политичар.
2003 – Драгољуб Ставрев, македонски општественик и државник.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!