Настани:
1281 – Мартин IV станува папа.
1819 – Шпанија ја продава Флорида на САД за 5 милиони американски долари.
1879 – Во Јутика, држава Њујорк, САД, Френк Вулворт ја отвора првата продавница од својот синџир на продавници.
1979 – Карипскиот остров Света Луција стекна независност по 165 години британска управа.
1980 – Израелската Влада донесе одлука за пуштање во оптек на нова национална валута, шекел, која ја замени израелската фунта.
1980 – Хокејарската репрезентација на САД извујува победа над екипата на СССР во финалето на Зимските Олимписки Игри 1980.
1994 – Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Кралството Белгија. Во Брисел, со размена на дипломатски документи, Кралството Белгија воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
2011 – Градот Крајстчерч во Нов Зеланд е погоден од катастрофален земјотрес.
Родени:
1403 – Шарл VII Победникот, крал на Франција.
1732 – Џорџ Вашингтон, првиот претседател на САД.
1788 – Артур Шопенхауер, германски философ.
1857 – Хајнрих Рудолф Херц, германски физичар.
1878 – Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери во борбата за македонското социјално и национално ослободување.
1932 – Едвард Кенеди, член на Демократската партија на Америка.
1935 – Данило Киш, еден од најголемите југословенски писатели со светско реноме.
1959 – Кајл Меклахлан, американски актер.
1990 – Тарас Бурлак, руски фудбалер.
Починале:
606 – Папа Сабинијан, римски папа.
1512 – Америго Веспучи, италијански морепловец.
1888 – Ана Кингсфорд, англиски доктор.
1907 – Митре Влаот, македонски револуционер.
1988 – Петар Богданов – Кочко, македонски композитор, оперски пејач (тенор) и организатор на музичкиот живот во Македонија.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!