Настани:
1991 – Во Минск, БССР формирана е Заедницата на независни држави.
1994 – Група селани во Перу, открија 30 добро сочувани мумии од периодот пред Инките, во една пештера, во југо-источниот дел на земјата. Археолозите веруваат дека, откриените мумии се стари 800 години.
1994 – Русија успешно ја тестира новата интерконтинентална ракета на полигонот во Плесец, во северниот регион Архангел. Ракетата „Топол-М“, претставува прва ракета целосно направена во Русија, која ќе ги замени седумте поранешни видови на ракети што беа произведени во Украина.
1968 – Соединетите Американски Држави го лансираа кон Месечината космичкиот брод „Аполо 8“ со човечки екипаж (Френк Бормен, Џемс Ловел и Вилијам Андерс). Бродот десет пати ја обиколи Месечината и на 27 декември 1968 година, успешно се спушти на Земјата.
1945 – Грчката жандармерија го уапси секретарот на реонскиот комитет на КПГ, Таки Белчев и офицерот на ЕЛАС, Понто Влахов од селото Пилкади, костурско. Идниот ден во селото Калевишта, костурско на ѕверски начин беа убиени.
Родени:
1879 – Јосиф Сталин, советски државник и политичар.
1880 – Донка Ушлинова, македонска револуционерка.
1906 – Игњат Крстевски, македонски градежен инженер.
1917 – Хајнрих Бел, германски писател.
1922 – Мито Хаџивасилев – Јасмин, македонски револуционер.
1924 – Крум Томовски, македонски академик.
1967 – Михаил Саакашвили, претседател на Грузија.
Починале:
1375 – Џовани Бокачо, славен Италијански писател и хуманист.
1401 – Мазачо, италијански уметник.
1940 – Френсис Скот Фицџералд, американски писател .
1987 – Виктор Аќимовиќ, југословенски и македонски публицист.
2006 – Сапармурат Нијазов, туркменистански автократ.
Празници:
* Краткоденица, на северната полутопка денот е долг само 8 часа, а ноќта 16.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!