Настани:
753 п.н.е. – Според преданието, Ромул и Рем го основале градот Рим.
1836 – Војската на Тексас под водство на Сем Хјустон ги победила Мексиканските сили на генералот Антонио Лопез де Санта Ана во решавачката битка на Тексашката револуција.
1944 – Жените во Франција добиле право на глас.
1918 – Прва светска војна Германскиот воен пилот Манфред фон Рихтхофен познат како Црвениот барон е погоден и убиен во небесна битка над Во сур Сом во Франција.
1946 – Во Скопје е изведена првата премиера на Куклената секција при Македонскиот народен театар. Тоа беше претставата „Силјан Штркот“, според истоимената народна приказна.
1956 – Елвис Присли за прв пат е на прво место на топ-листите.
1967 – Неколку дена пред општите избори во Грција, полковникот Јоргос Пападопулос спровел државен преврат со кој воспоставил воен режим во земјата кој траел следните 7 години.
1994 – Во населбата Драчево, кај Скопје е предадена во употреба земската сателитска станица за директна телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и САД.
Родени:
1729 – Катерина II Велика, руска императорка (по новиот календар 2.мај).
1816 – Шарлота Бронте, англиска писателка.
1828 – Иполит Адолф Тен, француски историчар.
1923 – Цвета Котевска, македонски преведувач.
1926 – Елизабета II, кралица на Обединетото Кралство.
1947 – Иги Поп, американски рок-пејач.
1954 – Маја Оџаклиевска, македонска пејачка.
1963 – Шефшет Адеми, македонски судија.
1972 – Северина Вучковиќ, хрватска пејачка.
1980 – Гао Ји, кинеска кану-спринтерка.
Починале:
1073 – Папа Александар II, римски папа.
1509 – Хенри VII, англиски крал.
1825 – Јохан Фридрих Пфаф, германски математичар, професор на Карл Фридрих Гаус.
1910 – Марк Твен, американски писател, еден од најголемите хумористи на своето време.
1915 – Спиридон Михајлов, полковник во бугарската армија.
1980 – Александар Опарин, руски биохемичар.
1991 – Дургут Едиповски, македонски висок функционер.
2010 – Хуан Антонио Самаранч, поранешен претседател на Меѓународниот олимписки комитет.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!