Top

Добро утро (19-ти март)

19-ти март е 78-иот ден во годината според григоријанскиот календар (79-и во престапна година). Остануваат 287 денови до крајот на годината.

Настани:
1628 – Англичаните во Америка ја основаа колонијата Масачусетс.
1903 – Идеологот на ТМОРО, Гоце Делчев со својата чета го разурна тунелот кај реката Ангиста, серско во Егејска Македонија. Тоа беше последната негова акција против османлиската власт пред неговата смрт.
1943 – Основана е Комунистичката партија на Македонија, како македонска секција на Сојузот на комунистите на Југославија.

Родени:
1590 – Вилијам Брадфорд, англиски предводник на основачите на колонијата Плимут во Масачусетс.
1629 – Алексеј I Романов, руски цар.
1813 – Дејвид Ливингстон, шкотски истражувач на африканскиот континент.
1873 – Макс Регер, германски композитор, пијанист и музички педагог, претставник на доцниот романтизам.
1900 – Фредерик Жолио – Кири, француски физичар.
1910 – Страхил Андреевски, македонски боксер.
1943 – Митко Маџунков, македонски романсиер, раскажувач, драмски автор и есеист.
1949 – Валери Леонтиев, советски и руски поп пејач.
1955 – Брус Вилис, американски актер.
1956 – Јегор Гајдар, руски економист.
1960 – Тодор Петров, македонски политичар.
1971 – Лазар Еленовски, Министер за одбрана на Република Македонија.
1976 – Алесандро Неста, италијански фудбалер.
1977 – Емил Калешковски, македонски поет.
1979 – Хедо Туркоглу, турски кошаркар.
1979 – Иван Љубичиќ, хрватски тенисер.
1981 – Коло Туре, фудбалер од Брегот на Слоновата Коска.

Починале:
1241 – Александар III, шкотски крал.
1721 – Папа Климент XI, римски папа.
1987 – Луј де Броли, француски нобеловец.
1982 – Адем Гајтани, македонски поет и преведувач.
2008 – Артур Ч. Кларк, британскиот писател.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *