Настани:
1203 – Во текот на Четвртата крстоносна војна крстоносците го освоиле Константинопол.
1762 – Катерина Велика станува царица на Русија.
1862 – Во САД стапи во сила Законот за ослободување на црнците-робови. Тогаш околу 190.000 поранешни робови од територијата на југот на САД стапија во редовите на федералната армија.
1917 – Во знак на револт од улогата на Германија во Првата светска војна, кралот Џорџ V издал објава според која британското кралско семејство ќе го носи презимето Виндзор, наместо дотогашното Сакс-Кобург-Гота.
1918 – По наредба на болшевиците, рускиот цар Николај II и неговото потесно семејство се стрелани во близината на Екатеринбург, Русија од единиците на Че-Ка.
1936 – Почнува Шпанската граѓанска војна.
1942 – Почна Сталинградската битка меѓу германските фашисти и советската армија, веројатно најголемата битка во Втората светска војна.
1945 – Во Потсдам, Германија, се одржала Потсдамската конференција на која се поништени освојувањата на Германија пред и во Втората светска војна, и нејзината територија е поделена меѓу сојузниците на четири окупациони зони.
1965 – Американските бомбардери од типот Б-52 од базата Гуам за првпат ги бомбардираа целите на територијата на Виетнам.
1976 – Индонезија го анектира Источен Тимор.
1984 – Лансиран е советскиот вселенски брод „Сојуз 12“. Членот на екипажот Светлана Савицкаја стана првата жена која се прошета во вселенскиот простор надвор од леталото.
1993 – Во Будимпешта, деветте земји-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), ја примија Република Македонија како полноправна, десетта членка на оваа асоцијација.
Родени:
1899 – Џими Кегни, легендарен американски актер.
1925 – Ласло Наѓ, унгарски поет и преведувач.
1935 – Доналд Сатерленд, канадски актер.
1937 – Петре Наковски, македонски романсиер и преведувач.
1950 – Стево Степановски, македонски библиофил.
1954 – Ангела Меркел, германски канцелар.
1987 – Андреј Воронцевич, руски кошаркари.
Починале:
855 – Папа Лав IV, римски папа.
1790 – Адам Смит, најпознат претставник на англиската класична политичка економија.
1918 – Николај II Романов, убиен заедно со членовите на неговото семејство.
1941 – Аугуст Цесарец, хрватски револуционер и писател.
1946 – Дража Михајловиќ, српски четнички водач.
1959 – Били Холидеј, американскa пејачкa.
1969 – Нестор Алексиев Мирчевски, македонски резбар.
1976 – Вељо Личеноски, прв филмски монтажер во Македонија.
1986 – Ристо Шишков, македонски глумец.
1992 – Стефан Гајдов, македонски композитор.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!