Настани:
1671 – Под водство на легендарниот јунак Стенка Разин, во Русија избувна востание против спахиите и царските чиновници кои слободните козаци ги претвораа во кметови, а на селаните им наметнуваа уште поголеми давачки.
1779 – Шпанија и објави војна на Велика Британија и ја започна опсадата на полуостровот Гибралтар.
1943 – Масакрот во Ваташа: Бугарските окупаторски војници стрелаа 12 млади комунисти од селото: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев. Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште и испеана е народната песна „Ми заплакало селото Ваташа“.
1960 – Претседателот на САД, Двајт Ајзенхауер ја одложи посетата на Јапонија поради антиамериканските немири во таа држава.
1963 – Првата жена космонаут Валентина Терешкова се вивнала во орбитата околу Земјата со вселенскиот брод „Восток – 6“. Таа била шести советски, а десетти светски космонаут.
1997 – Република Македонија и Кувајт воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1999 – Рабо Мбеки од Нелсон Мандела ја презеде должноста претседател на Јужна Африка.
Родени:
1313 – Џовани Бокачо, италијански писател.
1612 – Мурат IV, отомански султан.
1866 – Германос Каравангелис, грчко духовно лице.
1937 – Симеон Сакскобурготски, бугарски премиер.
1952 – Јоргос Папандреу (помладиот), грчки премиер.
1961 – Витомир Долински, македонски новинар.
1970 – Гоце Димовски, македонски поет.
1971 – Тупак, американски рапер (п. 1996).
Починале:
1834 – Осип Бове, руски архитект.
1912 – Добри Даскалов, македонски револуционер.
1977 – Вернер фон Браун, германски физичар.
1993 – Борко Лазески, македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!