Top

Добро утро (16-ти февруари)

16-ти февруари е 47-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 318 денови до крајот на годината (319 во престапна).

Настани:
1871 – Француската Влада потпиша капитулација и акт за примирје со Прусите по загубената војна.
1873 – Во Шпанија е прогласена Република, бидејќи поради внатрешните превирања во земјата, несредената стопанска ситуација и јакнење на републиканското движење, тогашниот крал Амедео Савојски се откажа од престолот. Меѓутоа, поради разединетоста на револуционерните сили, следната година генерал Серано изврши удар и го обнови монархофашистичкиот систем.
1945 – Втора Светска војна: Американското воздухопловство започна масовно бомбардирање на Токио.
1959 – Фидел Кастро стана премиер на Куба.
1972 – Група офицери на вооружените сили на Еквадор, предводени од генерал Гилермо Родригес Лара со државен удар, без крв го ослободи од власт Хосе Марие Веласко Ибара. На чело на државата дојде генерал Лара, а соборениот претседател Ибара доби азил во Венецуела.
1978 – Кина и Јапонија во Пекинг потпишаа Договор за трговија меѓу двете држави во висина од 20 милијарди американски долари.
1994 – Република Грција ја затвори границата кон Република Македонија и воведе трговско ембарго кон Република Македонија, ги затвори грчкиот конзулат во Скопје и Солунското пристаниште за Република Македонија. Ембаргото е укинато на 15 октомври 1995 година.
1996 – Европскиот парламент донесе одлука за пристапување на Република Македонија во Европската програма ФАРЕ за помош и развој на земјите од Централна и Источна Европа.
2000 – Русија и НАТО ги обновија односите, прекинати во 1999 година поради агресијата на Алијансата врз СР Југославија, соопштено е во Москва.

Родени:
1848 – Октав Мирбо, француски писател.
1912 – Крум Тошев, македонски славист.
1942- Ким Џонг Ил, лидер на Северна Кореја.
1959 – Благоја Маркоски, македонски географ.

Починале:
1391 – Јован V Палеолог, византиски император.
1917 – Октав Мирбо, француски писател.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>