Настани:
1691 – Ахмед II на турскиот престол го наследи султанот Сулејман III.
1798 – Француската армија го зазеде средоземниот остров Малта.
1812 – Наполеон Бонапарта, француски император, на чело на „големата армада“ ја мина реката Њемен и ја започна офанзивата на Русија.
1898 – Филипинскиот генерал Емилио Агиналдо за време на американско – шпанската војна со поддршка на САД прогласи независност на Филипини. Американците, потоа ги окупираа Филипините и го срушија отпорот на филипинските националисти, а тој пацифички архипелаг стекна формална независност во 1946 година.
1944 – Кај селото Стрмешево – Неготинско, дел од Втората македонска НОУ бригада го нападна и го разби бугарскиот полициски одред “Бенковски”. Во оваа борба загина и Коце Стојановски-Металец, истакнат борец и револуционер.
1945 – Грчка воена единица го опколи селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија. Притоа, командантот на единицата ги собра сите жители и со сила ги тераше да признаат дека се Грци. Но, тој не успеа во тоа, бидејќи насобраните му изјавија дека се Македонци.
1946 – Одигран е фудбалски натпревар за првиот повоен шампион на Македонија помеѓу Победа и Македонија (2:1). Притоа е остварен и првиот фудбалски радио-пренос на Радио Скопје со коментар на Коле Чашуле.
1964 – Водачот на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мендела и уште 7 противници на расистичкиот режим во Јужноафриканската Република, осудени се на доживотна робија. Ослободен е во 1990 година, а во 1994 година даде заклетва како прв црнец претседател на земјата.
1976 – При воениот удар во Уругвај од власт е симнат претседателот Хуан Бордабери, со што започна деветгодишната диктатура на армискиот врв.
1991 – Борис Елцин е избран за претседател на Русија.
1993 – Република Македонија стана членка на Меѓународната поштенска заедница.
1997 – Република Македонија и Република Џибути воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
2001 – Генерал потполковник Јован Андревски, Началник на Генералштабот на АРМ, поднесе неотповиклива оставка, во екот на борбените дејства.
Родени:
1856 – Спиро Гулапчев, македонски анархист.
1877 – Јохан Фридрих Хегер, германски архитект.
1915 – Дејвид Рокфелер, американски банкар.
1924 – Џорџ Херберт Вокер Буш, претседател на САД.
1928 – Петрос Моливијатис, грчки политичар.
1929 – Ана Франк, холандска еврејка, жртва на холокаустот.
1949 – Тодор Мицов, македонски поет.
1955 – Мурат Мурати, македонски лингвист.
1977 – Николас Васкез, аргентински глумец.
1981 – Адријана Лима, бразилски модел.
Починале:
816 – Папа Лав III, римски папа.
1903 – Милан Делчев, македонски револуционер.
1912 – Фредерик Паси, француски хуманист и нобеловец.
1943 – Тодор Ангеловски, македонски учител.
1944 – Коце Стојановски-Металец, македонски револуционер.
1997 – Булат Окуџава, советски и руски поет.
2003 – Грегори Пек, американски филмски актер.
2007 – Барон Ги Едуар Алфонс Пол де Ротшилд, француски банкар.
Празници:
* Ден на Русија.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!