Настани:
1913 – Велика Британија и Германија постигнаа Договор за границите на африканските колонии Нигерија и Камерун.
1917 – Британските трупи го зазедоа Багдад во Првата светска војна.
1938 – Трупите на фашистичкиот Трет Рајх влегоа во Австрија.
1945 – Во Македонија почнаа првите слободни избори за селски, градски и околиски народноослободителни одбори. На овие избори кои траеја до 25 март, за прв пат гласаа и жените, лицата со навршени 18 години и сите припадници на Југословенската армија.
1981 – Започнуваат протести на Косово во кои се бара Косово да стане република и да излезе од прегратките на Србија.
1996 – Република Македонија примена за 39-ти рамноправен член во Северноатлантскиот совет за соработка.
1996 – Со одлука на Советот на европските министри, Република Македонија е примена во Клубот на земјите членки на ФАРЕ.
Родени:
1544 – Торкуато Тасо, италиански поет.
1892 – Артур Хонегер, француски композитор од швајцарско потекло, еден од најистакнатите полифоничари во современата француска музика.
1920 – Благоја Ангеловски, филмски работник.
1931 – Драган Ѓаконовски – Шпато, истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер.
1931 – Драгутин Аврамовски – Гуте, истакнат македонски академски сликар и графичар.
1952 – Даглас Адамс, англиски писател, драматург и музичар.
Починале:
1908 – Едмондо Амичис, италијански писател и патописец.
1955 – Александар Флеминг, англиски микробиолог.
2006 – Слободан Милошевиќ, некогашен претседател на Сојузна Република Југославија.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!